Производи од пчела

Forever Royal Jelly

Зголемете ја енергијата и метаболизмот додека се борите со стресот. Специјално комбиниран со ензими, Forever Royal Jelly содржи протеини, минерали, витамини А, С, D, Е и В комплекс, сите 8 есенцијални аминокиселини, плус уште 10 второстепени.
60 таблети
2065 денари
2174денари

Својства

Матичниот млеч или Royal Jelly се лачи од фаринксовите жлезди на пчелата. Таа „супер храна” на пчелите се меша со ензими и се дава на оние кои ќе станат матици. Пчелата-мајка се храни претежно со него низ целиот свој високо продуктивен живот и благодарение на тоа снесува до 3000 јајца на ден во текот на следните 6 години. Пчелите-работнички кои јадат обичен мед живеат само четири-шест седмици.

Royal Jelly е извонредна храна која дарува здравје. Содржи витамини А, C, D и Е, како и богата природна содржина на витамините од B комплексот. Основната состојка е витаминот Б5 (пантотенска киселина), кој е особено важен за човечкиот организам и придонесува за нормално одвивање на метаболизмот и производство на енергија. Исто така придонесува за синтезата и метаболизмот на некои хормони и витаминот D. Неговиот недостиг може да предизвика замор, главоболка, горни респираторни инфекции, чувствителност на инсулин, несоница, гадење и нервни растројства. Матичниот млеч ги содржи сите осум есенцијални аминокиселини, плус десет второстепени аминокиселини, значителни количини на минералите калциум, бакар, железо, фосфор, калиум, силициум и сулфур, како и нуклеинска киселина.

Матичниот млеч ја подобрува размената на материи, што ја објаснува зголемената енергија и брзото опоравување од замор при неговата употреба. Помага во регенерирањето на клетките, делува благопријатно врз кожата и ја зајакнува отпорноста на организмот. Матичниот млеч е погоден за намалување на предменструалната напнатост. Докажано е дека го намалува нивото на холестеролот.

Форевер Ливинг Продактс користи матичен млеч собран од чисти високо планински области, оддалечени од цивилизацијата.

Матичниот млеч го поддржува имунитетот, ја зголемува енергијата и придонесува за добриот изглед на кожата и косата.

Состав

Матичен млеч во прав – 250 мг, сорбитол, фруктоза, лимонска киселина, природна арома на портокал, стеаринска киселина, магнезиум стеарат и силициум диоксид.

Препорака за дозирање

По една таблета два пати на ден.

Основни карактеристики

  • Дава енергија и го поддржува имунитетот.
  • Лесно се апсорбира од организмот.
  • Без конзерванси и вештачки бои и аромати.

Слични производи