Својства
Што е поубаво од сочната сладост на совршено зрело манго? Што ќе кажете да го комбинираме ова вкусно и здраво овошје со чисто алое вера од сопствените полиња на Форевер? Новиот алое пијалак додава тропски пресврт на гамата од вкусни и здрави алое пијалаци, за да ви го предложи најдоброто од природата.
Со своите 86% чисто алое вера, Forever Aloe Mango™ ги предлага сите корисни својства на нашиот водечки гел од алое вера плус хранлив додаток од природно пире од манго, богато со нутриенти и важниот витамин C. Манго плодовите кои се користат во производство на Forever Aloe Mango™ се берат кога се совршено зрели, за да се гарантира дека богатиот вкус и содржината на хранливи материи се оптимални.
Алое вера има природни способности за чистење кои му помагаат на вашето тело да ги апсорбира хранливите материи. Уникатниот полисахарид ацеманан и останатите корисни материи во алоето помагаат во поддршката на варењето и имунолошкиот систем.
Forever Aloe Mango™ се произведува по асептична технологија и тоа ни дозволува да не додаваме никакви конзерванси. Тетрапак пакувањето е изработено од 100% рециклирачки материјали и ви дава можност да уживате во свежиот вкус на алое вера со сите негови корисни состојки – така, како што природата го создала.
Состав
Стабилизиран гел од алое вера [гел од алое вера (86 %), витамин С (аскорбинска киселина), антиоксидант (аскорбинска киселина), регулатор на киселост (лимонска киселина)], природен концентрат на пире од манго, фруктоза, природна арома на манго.
Препорака за дозирање
Консумирајте од 60-120 мл секој ден. Чувајте го гелот по отварање во фрижидер и пред користење да се протресе.
Основни карактеристики
- 86% чист гел од алое вера.
- Без конзерванси.
- Извор на витамин Ц.
- Вкусно природно пире од манго за дополнителна арома.
- Има дејство на здраво варење
- Здрав имунолошки систем