R3 Factor Skin Creme / R3 Factor Skin / R3 Factor Creme / R3 Factor / Р3 фактор / Р3 фактор за кожа / алое вера македонија
Нега за лицето

R3 Factor Skin Defense Creme

Заштитете ја влажноста на кожата, подобрете ја еластичноста и изгледајте помлади. Овој крем во својот состав има 100% стабилизиран гел од Алое Вера и има за цел да ја смири и продира длабоко во кожата, заедно со антиоксидантите витаминот А и Е и алфа хидроксилни киселини. Помага во процесот на регенерирање на кожата, со што ги отстранува мртвите клетки, а истовремено ги храни и им дава влажност на новите клетки, со што ја намалува појавата на брчки.
56.7 г
2320 денари
2443денари

Својства

Независно дали сакаме да признаеме или не, општеството се залага многу за надворешниот изглед. Помогнете ѝ на кожата да ја зачува својата природна влажност. Да ја регенерира еластичноста и да го врати добриот надворешен изглед со Заштитниот крем за лице.

R3 Factor Skin Defence Creme-богата поврзаност на стабилизиран Алое Вера Гел. Растворлив колаген и алфахидроксилни киселини, зајакнати со витамин А и Е, кои се од витално значење за здрава кожа.

Алфахдроксилните киселини потекнуваат од природни растителни извори и понекогаш ги нарекуваат “овошни киселини” . Лесно е да се разбере зошто: гликолинската киселина, многу мала и длабокопродирачка молекула, која е извадена од шеќерната трска, лимонска киселина од цитрусови овошја, винската киселина е добиена од грозје, а јаболковата киселина-од јаболка.

Сите тие овошни киселини заедно во комбинација имаат својство да раздвојуваат. Да ги одделуваат мртвите клетки од површината на кожата преку растварање на природните материи кои ги задржуваат мртвите клиетки во ткивото. Суви и излуштени, овие клетки не можат ефикасно да ја спречат загубата на влажност, а сепак создаваат бариера за хидратантните креми. Рамномерното ослободување на кожата од тие мртви клетки гарантира дека во процесот на регенерирање клетките ќе станат посвежи. Бидејќи таа има потреба од 21-28 дена за едно целосно завршување на процесот на рагенерирање на кожата.

Витамините А и Е имаат и друга основна улога. Витаминот Е е моќен антиоксидант, додека витаминот А помага при одржување на здрава кожа. А успешно лекува и некои кожни проблеми како што се акни и псоријаза. Заштитниот крем за лице, R3 Factor Skin Defence Creme, е моќен сојузник во борбата против суровото влијание на времето и го зачувува младешкиот изглед на кожата.

Состав

Стабилизиран Алое Вера гел, дестилирана вода, бутил гликол, сквален (С3ОН50), метил глуоцет-20, цетил диметикон. масло од семки од кајсија, полиакриламид, С13-14 изопарафин, лаурет-7, глицерил стеарат, токоферол линолеат. натриум хиалуронат, токоферол ацетат, гликолска киселина, екстракт од шеќерна трска, екстракт од лимон, екстракт од јаболко, екстракт од зелен чај, ретинол палмитат, растворлив колаген, полиетиленгликол-100 стеарат, падимат О. аскорбинска киселина (витамин Ц), триетаноламин, диазолидинил карбамид, метилпарабен, пропилпарабен, мирис.

Препорачана употреба

Откако ќе го исчистите лицето, нанесете на лицето, вратот и други места по желба. За да добиете најдобар резултат, употребувајте го наутро и навечер.

Основни карактеристики

  • Помага при одбегнување на прекумерена пигментација, акни и белези кои се последица од сончевите зраци.
  • Идеален за пределот околу очите.

Слични производи