Aloe Bright Toothgel / Aloe Bright / Aloe Toothgel / Aloe Vera Makedonija / Aloe Vera Pasta / Aloe Vera Pasta Za Zabi /
Алое Вера Македонија
Лична хигиена

Паста за заби од Алое Вера

Одличен за деца, за вегетаријанци и… за секого! Нежна формула без флуор која комбинира алое вера, пчелен прополис и два вида мента за свежина и нежно избелување на забите. Пчелниот прополис кој се користи за заштита на кошерите, во неколку стоматолошки студии даде ветувачки резултати дека има потенцијал да придонесе за целокупното здравје на усната шуплина. Свежиот мирис и чувството на чистота остануваат со вас долго по миењето на забите.
130 г
568 денари
597денари

Својства

Поради универзалната примена алоето било многу ценето уште од древните цивилизации. Во ниеден друг производ од нашата богата палета, повеќефункционалното благотворно дејство на алоето не е изразено толку јасно како кај Forever Bright Toothgel. Во гелот за заби има состојки само со докажан квалитет.

Форевер – пастата за заби од Алое Вера е наменета за целото семејство. Соодветен е и за вегетаријанци, бидејќи не содржи нуспроизводи од животинско потекло. Аромата на ментол е природна, а на основната состојка-стабилизиран гел од алое вера е додаден пчелен прополис. Оваа комбинација освен што има добри антибактериски својства за борба против инфекции и за зачувување на свежината на здивот, нејзините против-воспалителни својства ги штитат непцата и слузницата на усната шуплина. Гелот особено е соодветен за употреба кај непца што крварат и афти, а може да се нанесува директно, во случај кога користењето на четка е премногу болно.

Оптималниот процент на гелот од алое вера неопходен за ефикасно миење беше утврден после континуирани испитувања во врвен стоматолошки колеџ во САД. Беа направени дополнителни набљудувања од голема група лекари и стоматолози пред да се создаде конечната формула. Крајниот резултат е гел за заби со уникатен ефект на чистење. Додадете го на тоа и благотворното дејство на алоето врз непцата и добивате гел за заби кој ги победува своите соперници без многу напор.

Забелешка: Овој производ не содржи флуор.

Состав

Стабилизиран алое вера гел, сорбитол, хидриран силициум диоксид, глицерин, натриум лаурил сулфат, морски алги, (Chondrus Crispus), арома, прополис, натриум сахарин, натриум бензоат, хлорофилин-бакар комплекс.

Препорачана употреба

За блескава насмевка и свеж здив, мијте ги забите со Форевер – пастата за заби од Алое Вера по оброците.

Основни карактеристики

35,5% алое вера

  • Не содржи флуор.
  • Погоден за целото семејство.
  • Содржи прополис.
  • Помага во белеење на забите и не ја оштетува забната глеѓ

Слични производи