Својства
Чистата и здрава кожа е основата на природната убавина. Нема подобар начин да ја постигнеме од негата со природни состојки како чисто масло од авокадо и алое вера од полињата на Форевер. Усовршениот сапун ќе ве опкружи со чувство на пријатна свежина и чистота.
Авокадото е богато со хранливи материи и содржи корисни витамини и минерали, помеѓу кои витамините A, С и E. Содржи и калиум кој ги доставува корисните витамини брзо и рамномерно до најдлабоките слоеви на кожата, а изобилството од масти го прави богата основа за нашиот сапун кој ја омекнува и регенерира дури и сувата кожа.
Aloe Avocado Face & Body Soap содржи чисто алое вера за дополнителна нега и смирување на кожата, помагајќи ѝ да се чувствува хидрирана преку целиот ден. Нежно ја мие, измазнува и негува дури и чувствителната кожа.
Aloe Avocado Face & Body Soap е доволно нежен и за лицето, и за целото тело. Мирисот на свежо набрани цитруси ќе ве развесели наутро, а чувството за мека кожа ќе ве следи преку целиот ден.
Над 40 години Форевер бара состојки со највисок квалитет за да ви обезбеди производи кои ја спојуваат мудроста на науката и на природата, за да ве даруваат со помека, помазна и поубава кожа.
Состав
Натриум палмитат, натриум кокоат, вода, глицерин, мирис, стабилизиран гел од алое вера, масло од авокадо, хидрогенизирано растително масло, натриум хлорид, пентанатриум пентетат, тетранатриум етидронат, титаниум диоксид , железо оксиди, жолт 10, црвен 4, зелен 3
Препорачана употреба
Користете го алое и авокадо сапунот за телото и лицето, темелно исплакнете и исушете ја кожата со крпа.
Основни карактеристики
- Богата текстура.
- Состојки за чистење од природни извори.
- Идеален за секој тип кожа.
- Свеж мирис на цитруси.