Својства
Ви ја претставуваме Sonya™ daily skincare system. Разработена е специјално за комбинираната кожа, која е час мрсна, час сува. Производите се создадени на базата на гел – современ научно докажан носител. Кој доставува висока концентрација на алое, влага и растителни екстракти директно таму каде што кожата најмногу има потреба од нив. Хидратантниот систем го контролира сјајот и нежно ја потпомага кожата, за таа да изгледа и да се чувствува подобро.
Колекцијата секојдневна нега на кожата „Соња“ содржи:
Sonya™ refreshing gel cleanser | Освежувачки гел за чистење |
Sonya™ illuminating gel | Гел за осветлување |
Sonya™ refining gel mask | Гел маска за рафинирање |
Sonya™ soothing gel moisturizer | Хидрантен гел за смирување |
Еве некои од импресивните дејства на одделните производи во колекцијата, а повеќе детали за секој можете да прочитате на страницата посветена на него.
- Освежувачкиот гел за чистење содржи јаболкови аминокиселини за нежна пена, која не одзема ништо вредно од вашата кожа.
- Гел за осветлување го освежува тенот на кожата и ѝ дава внатрешен сјај.
- Гел маската за рафинирање се нанесува навечер и делува додека спиете, за да го контролира мастењето, да го подобри тенот на лицето и да го хидратира.
- Хидратантниот гел за смирување содржи над десет растенија и екстракти, како и колаген за освежување и исполнување на кожата со влага.
Употребувајте го како комплетен козметички режим за да ги почувствувате сите бенефиции од Sonya™ daily skincare system. Разработен специјално за комбинираната кожа која постојано се менува. Системот има многустрано дејство и не само што го контролира замастувањето на кожата, туку и ја доставува влагата таму каде што е најпотребна.
Основни карактеристики
- Современ научно докажан носител.
- Со висока содржина на алое вера и други растенија.
- За комбинирана кожа.
- Доволно нежно дејство за сите возрасни категории.