nema lesno bogatenje / nema lesno zbogatuvanje / nema brzi pari

Не постои брзо и лесно богатење, но постои со напорна работа

Не постои брзо и лесно богатење. Форевер ви ја дава најдобрата можност достапна за секој во индустријата на мрежниот маркетинг да ги остварите вашите соништа, НО ПРИ ЕДЕН УСЛОВ – да сте подготвени да работите напорно и разумно за тоа.

Бизнис можноста со алое вера

Се согласуваме со сите скептици кои велат дека не секој во овој бизнис заработува големи пари. Се согласуваме и со тоа дека не секој заработува патувања, дека не секој успева да изгради голема и работна мрежа од соработници и многу други интересни аргументи под наслов „не секој“. Да, така е – не секој успева во индустријата на мрежниот маркетинг.

Не постои брзо и лесно богатење

Нема брзо богатење бидејќи мрежниот маркетинг не е систем за брзо и лесно збогатување. Како и со секој слободен потфат, потребни се труд, дисциплина и трпение. И да, факт е дека не секој е подготвен да вложи труд.

Но, има еден факт кој никој не може да го оспори и тој е дека СЕКОЈ може да успее. СЕКОЈ ако добро го разбере принципот на мултипликација и да вложи труд за да го претвора во дело СЕКОЈ ден, СЕКОЈА седмица, СЕКОЈ месец и така неколку години по ред. За СЕКОЈ што е спремен да го направи потребното за да биде успешен со Форевер, системот ќе го награди. Во мрежниот маркетинг може да остварите големи соништа работејќи ЗА СЕБЕ, а не за друг.

Квалитетни производи

Никогаш не сме биле поубедени во вредноста на производите и можностите кои ги предлага нашата компанија. Луѓето околу нас имаат потреба од надежта и алатките кои им ги нудиме за да го постигнат ТОА ШТО ИМ Е НАЈВАЖНО. Но, ние сме тие кои треба да стапиме во контакт со нив и да им ги претставиме.

Основниот принцип во нашата индустрија е дека ако сакаш да успееш треба ДИСЦИПЛИНА и КОНТИНУИТЕТ. Ако сакаш да изградиш нешто големо, треба да ги правиш работите така што секој друг да може да ги повтори. Единствениот начин луѓето околу вас да научат систематски и повторливи активности е ЛИЧНО да се трудите секој ден и да ги правите сите потребни работи за да постигнете успех.

Едноставен систем на работа

Индивидуализмот не се копира, затоа придржувајте сѐ максимално кон едноставниот систем на работа препорачан од компанијата:

  • правење список со познати, пријатели, роднини и други луѓе со кои ќе се сретнете;
  • совладување и секојдневно практикување на успешни начини и пристапи за воспоставување на контакти со нови луѓе;
  • покани за средби на кои ќе им раскажете за бизнис можностите предложени од компанијата, како и за придобивките од секојдневната употреба на нашите одлични производи;
  • обука и соработка со новите клиенти и соработници од вашата мрежа.

Овие АКТИВНОСТИ бараат да го посветите потребното време и ресурси. Колку повеќе сте посветени на тоа што го правите, толку побрзо ќе ги остварите вашите соништа.

Преземете прв чекор

Секој од вас може сам да одлучи што ќе заработи со својот бизнис со Форевер – дали ќе заработи патување, автомобил и дали ќе започне да си го менува животот. Или барем да ги преземе првите потребни чекори за да биде следниот кој ќе биде трпелив, за да успее и да го живее животот од соништата.

Никогаш не се откажувајте. И никогаш не заборавајте дека резултатите во вашиот бизнис, и не само таму, ќе дојдат како резултат на АКТИВНОСТИ, а не само од ентузијазам, затоа фокусирајте се на нив ако сакате да постигнете резултати!

Независно на кое ниво во маркетинг планот се наоѓате нашиот совет за сите вас е истиот. Посветете ги следните два месеци на активности поврзани со спонзорирање на нови луѓе. Поставете си за цел да спонзорирате три, пет, а зошто да не и седум нови соработници месечно. Не постои брзо и лесно богатење. Затоа. Работете организирано и дисциплинирано и вашите резултати ќе бидат одлични, ви ветуваме!