Својства
Легнете удобно, опуштете сѐ и дозволете маската од новото поколение длабоко и долготрајно да ја навлажни вашата кожа
Најпрогресивната маска на Форевер обезбедува интензивна хидратација која продира длабоко во кожата, се поставува за неколку секунди и не бара плакнење. Ја искористивме ефикасноста и практичната употреба на био-целулозата и ја збогативме со технологија од ново поколение за двофазно корисно дејство.
Преку уникатен процес на Форевер ја храниме ацетобактер ксилинум – бактеријата која ја создава био-целулозата, со гелот од алое вера на Форевер и со морска трева, со што ги вградуваме директно во материјалот на маската за да ја навлажнува, омекнува и негува кожата.
Зошто био-целулозата е подобра? Влакната на маската се 1000 пати пофини од човечката коса што й дозволува лесно да се вклопува во секоја контура на лицето. Така состојките навлегуваат длабоко во фините линии и брчки до кои традиционалните текстилни маски не успеваат да стигнат.
Натопена е со активен, хидратантен серум збогатен со природни состојки, оставајќи долготрајно чувство за ревитализирана и сјајна кожа. Откако ќе ја отстраните маската можете да го оставите финиот и ефикасен серум на лицето и вратот, бидејќи нема потреба од плакнење.
Додадовме див костен во серумот за да помогнеме за освежување на сувата кожа и намалување на црвенилото, а зелениот чај и антиоксидантите заедно се борат со знаците на стареење и со слободните радикали. Глицеринот е клучна компонента на серумот и обезбедува длабока хидратација.
Можете да уживате во сите ефикасни резултати со леснотија. Едноставно одлепете го едниот заштитен текстилен слој од маската и поставете ја. Лесно притиснете ја маската за добро да ја прилепите на лицето и потоа одлепете го и другиот заштитен слој. Опуштете сѐ и почувствувајте како делува подмладувачката моќ на био-целулозната маска. По 20 минути отстранете ја и втријте го останатиот серум во кожата. Материјалот е биоразградлив, што значи дека можете да ја фрлите маската без грижа.
Формулата е специјално развиена за сите типови кожа, дури и за чувствителната. За оптимални резултати, користете ја алое био-целулозната маска во комбинација со некоја од популарните козметички серии на Форевер и во комбинација со други од производите за специјализирани резултати.
Состав
СAqua, Propanediol, Glycerin, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Caffeine, Aesculus Hippocastanum Seed Extract, Camellia Sinensis Leaf Extract, Sodium Hyaluronate, Hydroxyacetophenone, 1,2-Hexanediol, Glycosyl Trehalose, Mannitol, Xanthan Gum, Hydrogenated Starch Hydrolysate, Hydrolyzed Sclerotium Gum, Ammonium Glycyrrhizate, Zinc Gluconate, Ascorbic acid, Citric Acid, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, Phenoxyethanol.
Препорачана употреба
- Отворете го пакувањето, извадете и одвиткајте ја маската.
- Таа е заштитена од двете страни со тенка ткаенина. Одлепете го едниот слој.
- Поставете ја маската врз лицето. Притиснете лесно, за добро да прилепи.
- Одлепете го вториот слој заштитна ткаенина.
- Опуштете сѐ со маската околу 20 минути и потоа отстранете ја. Нема потреба од плакнење, втријте го останатиот серум во лицето и вратот за младешки изглед.
Основни карактеристики
- Длабоко потхранува и интензивно хидрира.
- Ја подмладува кожата без сјај и ѝ помага во борбата против знаците на стареење.
- Го смирува и намалува црвенилото.
- За мека, еластична и сјајна кожа.