Aloe Ever Shield / forever Aloe Ever Shield / Aloe Ever Shield forever / stik od aloe vera / stik od aloe / aloe vera stik / suv stik aloe / suv deozdorans aloe vera / сув дезодоранс алое вера / алое вера стик / стик од алое / стик од алое вера /
Лична хигиена

Aloe Ever-Shield Deodorant Stick

Создаден без штетните алуминиумски соли што се содржат во многу други дезодоранси, Aloe Ever-Shield Deodorant се лизга со леснотија. Благодарение на високата содржина на алое, нежниот дезодоранс може да се нанесува веднаш по бричење или депилирање. Ќе имате целодневна заштита и самодоверба. Со дискретен и пријатен мирис на чисто.
92 г
510 денари
537денари

Својства

Дезодоранс кој ја зголемува самодовербата и го задржува чувството на свежина преку целиот ден. Aloe Ever-Shield Deodorant Stick ви обезбедува ефикасна целодневна заштита од непријатниот мирис, а може да се нанесе веднаш откако сте се истуширале или сте завршиле со депилација, без да ја иритира кожата. Производот максимално ги користи дезодорирачките својства на алоето и ги комбинира со други одлични состојки.

Оваа нежна формула со стабилизиран гел од алое вера не содржи штетни соли на алуминиум, кои го потиснуваат потењето, а ги среќаваме во многу дезодоранси на пазарот. Алуминиумот е токсичен метал. Се смета дека неговото натрупување во организмот го оштетува нервниот систем, а некои научници ја поврзуваат презаситеноста со алуминиум со Алцхајмеровата болест. Алуминиумот може да го наруши калциумовиот баланс во организмот поради влијанието врз активноста на паратироидната жлезда. Преголемото количество паратироидни хормони води до високо ниво на калциум во крвта што се поврзува со болки во коските, психијатриски симптоми и констипација. Се гордееме што можеме да ви претставиме производ кај кој сите тие опасности се избегнати, без тоа да се одрази на квалитетот.

Погодната форма на Aloe Ever-Shield Deodorant Stick овозможува нанесување само таму каде што вие сакате. Специјалната формула се лизга непречено и не остава траги врз облеката, дури и по долготрајна употреба.

Состав

Пропилен гликол, вода, натриум стеарат, стабилизиран алое вера гел, мирис, триклосан.

Препорачана употреба

Секојдневно нанесувајте Aloe Ever-Shield Deodorant Stick под пазувите и уживајте во чувството на свежина и чистота во текот на целиот ден.

Основни карактеристики

  • Не содржи алуминумски соли.
  • Не остава траги на облеката.
  • Можете да го користите непосредно после бричење или депилација под пазувите.
  • Погодната форма на дезодорансот го прави исклучително економичен.

Слични производи