Својства
Aloe MSM Gel е крем кој ги ублажува болките во зглобовите и мускулите. МСМ (метил сулфонил метан) е органски сулфур – третата најмногу присутна материја во човечкиот организам и клучна компонента на `рскавицата и сврзното ткиво, од кои се изградени зглобовите. МСМ ги запира импулсите на болка пред да стигнат до мозокот и така делува како аналгетик.
Клуч за доставување на МСМ директно таму каде што е потребно, е другата главна состојка – чистиот, стабилизиран гел од алое вера. Освен што го надополнува дејството на МСМ со своите природни регенерирачки својства, тој се апсорбира брзо и ефективно во кожата, што го прави идеален транспортен систем за смирувачките својства на МСМ.
Aloe MSM Gel на Форевер ги комбинира двете основни состојки со моќни билни екстракти – екстракт од мечкино грозје, масло од листовите на чајно дрво, екстракт од рузмарин и бела врба. Сите тие традиционално се користат за поддршка на добрата состојба на мускулно-скелетниот систем.
Состав
Aloe Barbadensis Leaf Juice Stabilized Aloe Vera Gel,Water, Dimethyl Sulfone, Glycerin, Triethanolamine. Dimethicone, Arctostaphylos Uva Ursi Leaf Extract, Sodium Hyaluronate, Allantoin. Tocopherol, Melaleuca Alternifolia Leaf Oil, Rosmarinus Officinalis Leaf Extract, Salix Alba. Bark Extract, Polysorbate 80, Ascorbic Acid, Carbomer, Disodium EDTA, Methylparaben, Diazolidinyl Urea.
Препорачана употреба
Нанесете обилно и нежно масирајте до целосно впивање во кожата. Избегнувајте контакт со очите. Ако дојде во контакт со очите, исплакнете обилно со млаз вода во времетраење од неколку секунди.
Основни карактеристики
- Ублажува болки и смирува.
- Чист и проѕирен гел, не остава траги на облеката.
- Содржи чисто алое вера и МСМ.
- Идеален сопатник на Forever Freedom.