Forever bee pollen / bee pollen / pollen bee / пчелен полен / полен пчелен / форевер пчелен полен / пчелен полен форевер /
Алое Вера Македонија
Производи од пчела

Forever Bee Pollen

Пчелниот полен се смета за една од најкомплетните природни храни. Златниот полен содржи изобилство од витамини, минерали, ензими, масни киселини, јаглехидрати, протеини, аминокиселини, биофлавоноиди и други моќни антиоксиданти. Дава енергија и издржливост. Без конзерванси и вештачки аромати.
100 таблети
993 денари
1045денари

Својства

Поленот е оплодувачкиот прав на цветот. Пчелите го собираат и пренесуваат во кошниците за храна. Без поленот растенијата, дрвјата и цветовите не би постоеле. Дури и нашиот живот зависи од него.

Forever Bee Pollen се собира од цветови кои растат скриени во високи пустински области и се става во патентирани колектори од не`рѓосувачки челик. Тоа е гаранција дека добивате најсвежа и мошне моќна природна храна. Forever Bee Pollen е целосно природен и не содржи конзерванси, вештачки ароми или вештачки бои.

Пчелниот полен

Пчелниот полен обезбедува широк спектар од основни хранливи материи: сите витамини од Б комплексот и витаминот C. Тие се растворливи во вода и затоа е потребно да се внесуваат секојдневно. Пчелниот полен исто така ги содржи витамините D, Е, К и бета каротин (витамин А). Тој е богат извор на мноштво минерали (како калциум и фосфор кои се речиси во перфектен сооднос 1:1), ензими и коензими, масни киселини од растително потекло, јаглехидрати, протеини и 22 аминокиселини, вклучувајќи ги сите 8 есенцијални аминокиселини кои организмот не може сам да ги произведува.

Пчелниот полен содржи повеќе хранливи материи на калорија отколку кој и да е друг додаток во исхраната, затоа не е чудно што се смета за една од најбогатите храни воопшто. Всушност човечкиот организам би можел да живее само од пчелен полен со додавање единствено на растителни влакна и вода.

Хранливите материи во пчелниот полен се лесно сварливи и лесно се апсорбираат од организмот. Многу луѓе ги користат неговите благодети, погоден е за спортисти кои го консумираат за сила, енергија и одржување на здравјето.

Пчелниот полен има мноштво други благотворни дејства:

  • Богатиот коктел од хранливи материи во поленот помага да се подобри хемијата на телото, со што се неутрализира дејството на конзервансите и адитивите во храната.
  • Тој е природен извор на цинк и витамин Б6 и поради тоа е особено соодветен да се користи кај депресии и предменструална напнатост.
  • Може да ја намали чувствителноста на организмот и затоа е добро дополнување за подобро да се поднесат алергиите.
  • Ја потиснува активноста на бактериите и го зголемува ефективното отстранување на отпадни материи и отрови од организмот.

Пчелниот полен содржи и лецитин кој се наоѓа во сите клетки во неговата природна форма. Така помага при варењето и метаболизмот на мастите. Го зајакнува имунолошкиот и нервниот систем.

Состав

Пчелен полен 500 мг, мед, стеаринска киселина, силицум диоксид и матичен млеч.

Препорака за дозирање

Земете мало количество (1/4 таблета) за да се уверите дека не сте алергични, а потоа постепено зголемувајте ја дневната доза на три пати по една таблета. Консултирајте сѐ со лекар пред да започнете со користењето на овој или друг додаток во исхраната.

Основни карактеристики

  • Мултивитамински и мултиминерален додаток.
  • Ја зголемува енергијата.
  • Го помага варењето на храната.
  • Ги ублажува симптомите на алергија.

Слични производи