Forever Calcium / Calcium / Калциум / Форевер калциум / #ФореверКалциум #Калциум #aloeveramk
Алое Вера Македонија
Додатоци на исхрана

Forever Calcium

Обезбедува научно докажани количества калциум и витамин D за одржување на добра коскена структура и функција. Современите форми на калциум и патентираната комбинација од други корисни минерали обезбедуваат оптимална апсорпција и дејство. Доволните количини калциум и витамин D во тек на целиот живот, како дел од добро балансиран режим на исхрана, можат да го намалат ризикот од остеопороза.
90 таблети
1500 денари
1581денари

Својства

Сите знаеме дека треба да се грижиме за кардио-васкуларниот систем и мускулите, но малкумина обрнуваат внимание на основата на здравата физичка состојба и на активниот начин на живот-коските. Коските претставуваат рамка која ги поткрепува останатите органи во телото. Ако тие не се здрави, дури и најмалиот физички напор може да доведе до фрактури кои ќе го оневозможат движењето.

Тајната на здравите коски се крие во минералот кој е присутен во најголемо количество во нашиот организам – калциумот. Ако тој е во најголема количина во нашиот организам, зошто е неопходно да го примаме како додаток во исхраната? Одговорот е едноставен. Речиси 99% од калциумот во нашето тело е постојано складиран во коските и забите, за да ја одржува нивната цврстина. Останатиот 1 % е неопходен за ткивата и крвта, во кои тој придонесува за размената на материите на клеточно ниво.

Исхраната која е богата со калциум ви гарантира дека организмот добива доволно од скапоцениот минерал, а калциумот во коските може да остане таму и да ги одржува здрави и цврсти. Но ако не внесуваме доволно калциум со храната, во тој случај телото го извлекува калциумот од коските за да ги поддржи останатите функции. По извесно време, постепената загуба на коскената материја како последица од внесувањето на храна сиромашна со калциум, ги прави коските кревки, со помала густина и подложност на фрактури. Ова особено важи за жените по менопаузата.

За одржување на здраво ниво на калциум во коските неопходно е секојдневно да внесуваме доволно количество од тој минерал. Повеќето од нас не сакаат или немаат можност да внесуваат доволно храна богата со калциум, како млечни производи, соја и јатки. Затоа се смета дека во исхраната на современата жена калциумот и железото се најдефицитарните минерали.

Формулата на Forever Calcium е уникатна и гарантира максимална апсорпција. Обновениот додаток на исхрана на Форевер ги комбинира калциумот со патентирани форми на магнезиум, цинк, манган и бакар, плус витамините С и D.

Форевер ви нуди лесен и ефикасен начин да го обезбедите неопходниот калциум за здрави коски и активен живот.

Состав

Калциум (калицум бисглицинат, калциум цитрат, калциум карбонат) 200 mg
Магнезиум (магнезиум оксид, магнезиум бисглицинат) 75 mg
Витамин С (калциум L-аскорбат) 20 mg
Цинк (цинк бисглицинат) 1,5 mg
Манган (манган бисглицинат) 0,5 mg
Бакар (бакар бисглицинат) 0,25 mg
Витамин Д (како холекалциферол) 1,25 μg

Други состаојки

Микрокристална целулоза, кроскармелозен натриум, стеаринска киселина, силициум диоксид, натриум карбоксиметилцелулоза, декстрин, природна арома на ванила, декстроза, средноверижни триглицериди, натриум трицитрат.

Препорака за дозирање

Три таблети дневно со вода.

Основни карактеристики

  • Одличен извор на калциум и други важни минерали.
  • Формула за максимално апсорбирање на калциум.
  • Придонесува за поддршка на нормална состојба на коските и забите.

Слични производи