Forever Plant Protein / Plant Protein / Plant Protein forever / растителен протеин / форевер растителен протеин
Диетски програми

Forever Plant Protein

Обезбедува 17 г протеини во една порција. Формулата е веган и не содржи ниту млечни производи, ниту соја. Протеините од грашок и тиква придонесуваат за нормална состојба на коските, како и за раст и одржување на мускулната маса.
390 грама
3387 денари
3566денари

Својства

Форевер растителниот протеин (Forever Plant Protein) холистички ги обезбедува протеините што ви се потребни за денот. Со алое вера во прав и вкус на ванила, шејкот растворен во растително млеко или вода е многу вкусен.

Веган формулата не содржи ниту млечни производи, ниту соја и обезбедува по 17 г протеини во една порција. Има мазна конзистенција за разлика од многу други растителни протеини, кои може да ни се чинат лесно песокливи. Протеините од грашок и тиква придонесуваат за нормална состојба на коските, како и за раст и одржување на мускулната маса. Вкусот на ванила е природен, а неговиот сладок вкус се должи на билката стевиа, која не содржи никакви калории и не влијае на шеќерот во крвта.

Погледнете кои се неговите основни состојки и придобивки.

ПРОТЕИН ОД ГРАШОК
Придонесува за одржување на мускулната маса и нормалната состојба на коските, висококвалитетен протеин кој може да помогне за раст на мускулите и за намалување на тежината. Содржи повеќе влакна за подолга ситост, како и сите девет есенцијални аминокиселини за поддршка на целокупното здравје.

ПРОТЕИН ОД ТИКВА
Придонесува за одржувања на мускулната маса и нормалната состојба на коските. Се извлекува од семки од тиква и е богат со протеини и здрави масти кои исто помагаат за ситост. Содржи антиоксиданти кои придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.

АЛОЕ ВЕРА ВО ПРАВ
Може да го поддржи варењето и обезбедува вредни хранливи материи. Ја поддржува одбраната на телото.

Forever Plant Protein е идеален за вашиот здрав начин на живот.

Состав

Грашок (Pisum sativum L.) изолат од протеин (59%), тиква (Cucurbita pepo L.) протеин во прав (26%), вкус (ванила), малтодекстрин, фруктоолигосахариди, средноверижни триглицериди во прав, згуснувач (гума гуар), вкус, средство против стврднување (магнезиум оксид), засладувач (стевиол гликозиди), сок од алое вера (Aloe Barbadensis) во прав. Алергени: може да содржи траги од зрнести култури и сулфити.

Препорака за дозирање

Препорачана дневна доза – растворете една мерна лажица во 240 мл вода или друг напиток и добро размешајте.

Основни карактеристики

  • Содржи влакна за ситост и поддршка за регулирање на начинот на кој телото ги користи шеќерите.
  • Без вештачки ароми или засладувачи.
  • Засладен со природна, растителна и без калории стевиа.
  • Природен вкус на ванила, извлечен од растенија.

Слични производи