Hydrating Cleanser / Forever Hydrating Cleanser / Hydrating Cleanser Forever / Forever Cleanser / forever Hydrating
Нега за лицето

Infinite by Forever™ Hydrating Cleanser

Содржи моќни состојки од природно потекло како екстракт и аминокиселини од јаболки и кокосови масни киселини кои веднаш ја хидрираат кожата и ја надополнуваат со антиоксиданти, а истовремено ги отстрануваат нечистотиите и маснотиите, без да ја сушат кожата.
118 мл
1846 денари
1944денари

Својства

Се смета дека јаболковото дрво е првото култивирано од човекот. Корисните сокови на оваа долговечна овошка опстојуваат на сите климатски промени со илјадници години. Овој производ за чистење содржи две клучни компоненти – јаболков екстракт и јаболкови аминокиселини, за да се обезбеди силна заштита од знаците на стареењето.

Натриум кокоил глицинат извлечен од кокос и аминокиселината глицин, е нежна природна активна материја која хидрира, не иритира и е хипоалергена. Ја омекнува кожата, без да ја суши.

Фитинската киселина е состојка извлечена по природен пат од оризот која помага да се стимулира ефикасноста на антиоксидантите и сама се бори со слободните радикали. Сончогледовото масло е богато со линолеинска киселина и витамин Е. Тие ја разградуваат нечистотијата и наслагите и така помагаат за нивно нежно отстранување.

По чистењето со Infinite by Forever™ Hydrating Cleanser со млечна текстура ќе ја чувствувате кожата влажна, мека и чиста – стабилна основа за останатите производи од вашиот антиејџинг режим.

Препорачана употреба

Со влажни прсти нежно втријте со лесни кружни движења нагоре и навнатре кон косата. Темелно исплакнете со вода за да ги отстраните шминката и нечистотиите, нежно избришете со крпа. За оптимални резултати употребувајте наутро и навечер.

ВНИМАНИЕ! Избегнувајте директен контакт со очите! Во случај на иритација, темелно исплакнете со вода. Ако иритацијата не исчезне, престанете со употреба и побарајте лекарска помош.

Основни карактеристики

  • Нежен, без сулфати.
  • Веднаш ја подобрува хидратацијата на кожата.
  • Чисти без да ја суши кожата.

Слични производи