Aloe Deep Moisturizing / Deep Moisturizing / Aloe Vera Makedonija / Deep Moisturizing Cream /
Козметика „Соња”

Sonya Aloe Deep Moisturizing Cream

Кремот за длабока хидратација со алое и екстракт од кора од бор е најновото дополнување во нашата исклучителна “Соња’’ колекција на производи за нега на кожата. Кората од бор се бори со слободните радикали, за да го зачува и појача колагенот во кожата –еден од најдобрите начини за спречување на знаците на стареење. Дозволете му на овој неверојатен крем да допринесе за доставување и задржување на влагата длабоко во надворешните слоеви на кожата, да го регенерира и зачува нејзиниот младешки сјај и да ја задоволи жедта за хидратација на еден неповторлив начин.
71 г
1899 денари
1999денари

Својства

Sonya Aloe Deep Moisturizing Cream или кремот за длабока хидратација со алое и екстракт од кора од бор е дополнување во нашата исклучителна колекција.

Sonya Aloe Deep Moisturizing Cream ќе ја задоволи жедта на вашата кожа на еден неповторлив начин. Екстрактот од кора од бор содржи природни состојки, наречени олигомерни проантоцианидини, кои имаат едни од најсилните антиоксидантни својства откриени во природата. Ете затоа овој дел се бори со слободните радикали. А да допринесе во зачувувањето и појачувањето на колагенот во кожата-протеинот. Кој е присутен во човечкиот огранизмот во најголеми количини. Според научниците борбата со слободните радикали е еден од најдобрите начини да се дејствува против знаците на стареење. Екстрактот од кора на бор е искомбиниран со чист , стабилизиран гел од алое вера, серамиди и овлажнувачки состојки од најновата генерација. Сите тие допринесуваат во доставувањето и задржувањето на влагата длабоко во внатрешните слоеви на кожата, за да се регенерира и зачува нејзиниот младешки сјај.

Состав

Стабилизиран гел од алое вера, вода, пропанедиол, бутилен гликол, масло од семе на макадамија. Ц12-15 алкил бензонат, глицерин стеарат, лаурил, сорбитол, диметикон, масло од сончоглед, цетил алкохол. метил глуцет-20, изостеарил хидроксистеарат, аргинин, РEG-100 стеарат, карбомер, екстракт од кора на бор, глицерин. палмитоил трипептид-5, серамид 3, серамид 6 II, серамид 1. фитосфингозин, холестерол, натриум лауроил лактилат, ксантан, натриум хиалуронат, феноксиетанол, метилизотиазолинон, арома.

Препорачана употреба

За интезивна, длабока хидратација, користете го навечер по употребата на потхранувачкиот серум со алое. Извадете ја пластичната лажичка и заштитното капаче на кремот. Со лажичето извадете мала количина од кремот и поставете ја врз заштитното капаче. Со врвовите на прстите нанесете крем од капачето по лицето и вратот. Втријте го со масажни движења. Внимателно измијте ја лажичката и заштитното капаче со топла вода по секоја употреба и потсушете ги со чиста крпа, пред повторно да ги поставите во кутијата со крем.

Основни карактеристики

  • Многу навлажнувачки-погоден и за најсувата кожа.
  • Содржи екстракт од кора на бор за борба против слободните радикали.
  • Допринесува за регенерирање и зачувување на младешкиот сјај на кожата.

Слични производи