- Неверојатни придобивки од праските
Природата е полна со здрави нешта. Овде најпрво мислиме на различните овошја и зеленчук. Овошјето и зеленчукот секогаш можат да бидат наш „најдобар пријател“, а праската е еден од нив. Осебено добра е комбинацијата „алое праска“ кога во нашето чисто алое го додаваме ова овошје.
Кои витамини се наоѓаат во праските?
Праските обично се во сезона од мај до крајот на септември. Ова значи дека тие содржат многу хранливи материи што ни се потребни во овој период. Само 100 грама праски содржат 11% од препорачаниот дневен внес на витаминот Ц. Витаминот Ц може да биде одличен за вашата кожа, но што друго ни дава? Во истите тие 100 грама праски има и 7% витамин А, 4% ниацин, 5% калиум и цела низа други витамини и хранливи материи, но што точно прават сите тие? Како всушност ни користи јадењето праска?
Многу од хранливите состојки во праските помагаат за нашиот вид. Витамин А, рибофлавин (2%) и цинк (1%) придонесуваат за одржување на нормалниот вид. Сега, ние не тврдиме дека ако јадете праска секој ден, нема да ви требаат вашите очила. Сепак, редовното консумирање на овие витамини и минерали може да помогне во одржувањето на вашиот вид.
Алоето со праска како превенција
Секоја зима секогаш гледаме како многу луѓе постојано се болни. Ние секогаш целиме ова да го превенираме. Ако преземете чекори за зајакнување на вашиот имунолошки систем, можеби ќе можете да ја избегнете болеста. Праските содржат витамин А, витамин Ц, витамин Б6, фолна киселина, железо, цинк и бакар во различни количини. Ваквиот состав придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем. Така, следниот пат, со зајакнат имунолошки систем, студот и настинките ќе ве заобиколат. „Алое праска“ е она што ви е неопходно.
За кои други делови од телото се корисни праските?
Праските содржат витамин Б6 кој придонесува за нормално формирање на црвени крвни зрнца и рибофлавин кој придонесува за одржување на овие крвни зрнца. Црвените крвни зрнца сочинуваат приближно една четвртина од клетките во човечкото тело и тие доставуваат кислород до ткивото на вашето тело. Недостатокот на кислород во вашето ткиво може да доведе до доста сериозни здравствени проблеми. Овие црвени крвни зрнца вршат многу важна работа и затоа е важно да ги одржувате здрави. Покрај тоа, тиаминот придонесува за нормална функција на срцето. Вашето срце е веројатно најважниот дел од вашата анатомија, така што сè што може да го одржува редовно да функционира може да биде само добра работа.
Зошто праските се добри за вашата глава, коса и кожа?
Не само што витамините и минералите во праските се добри за вашето тело, тие се добри и за вашата глава. Витамин Ц, тиамин, ниацин, витамин Б6, фолна киселина и магнезиум придонесуваат за нормална психолошка функција. Народно кажано, тие можат да одржуваат среќна глава и да промовираат позитивно ментално здравје. Неколку хранливи материи во праските исто така придонесуваат за намалување на заморот, нешто за што многумина од нас би биле многу благодарни. Исто така, пантотенската киселина (2%) придонесува за нормални ментални перформанси, па секое овошје или зеленчук богато со овој витамин би било одличен избор за вашите деца.
Моќта на витаминот Ц
Да не заборавиме дека праските содржат и 3% бакар, што придонесува за нормална пигментација на косата и кожата. Ова е во прилог на сите придобивки за кожата што ви ги дава витаминот Ц. 100 грама праски содржат само 39 калории, така што сите овие предности имаат многу мало влијание во зголемување на вашата телесна тежина и обем!
Очигледно, придобивките од праските се многу: тие се грижат за вашиот ум, вашата кожа и вашето тело. Тоа е само корисниот начин на природата да ве направи да изгледате и да се чувствувате одлично во тие долги денови. Сепак, можеби уште поважно, тие исто така имаат прекрасен вкус! Ако немате време да подготвувате праска секој ден, зошто да не го пробате нашиот Нектар од алое вера и праска. Ги има сите предности на праските, целиот овошен вкус и дополнителната придобивка на гелот од алое, па можете да уживате во придобивките од Нектар од алое вера и праска во текот на целата година.
Во чистото алое од нашата компанија додадовме праска. Гелот „алое праска“ може да го нарачате ТУКА.